Поврзете се со нас

Македонија

Работнички не ги користеше шансите, Струга казни и ја зголеми предноста на врвот

Објавено

на

Работнички не ги искористи своите две добри шанси во првото полувреме и пропушти да поведе против Струга Трим и Лум, а за тоа беше жестоко казнет од шампионот на стартот на вториот дел.

„Романтичарите“ предводени од Седлоски го врзаа третиот пораз во низа и сега се повеќе гледаат кон борбата за опстанок, отколку кон горниот дел од табелата, што прави следниот меч со Брера Струмица да биде исклучително важен за тимот од Дебар Маало.

Денешниот натпревар на националната арена „Тодор Проески“ беше отворен со голот на Радески со одличен шут од дистанца, но одлично на спротивната страна одговори и Влатко Стојановски.

Овој гол на домашниот тим се чинеше дека ќе им даде залет за завршницата од мечот, но наместо гол за Работнички, пристигна погодок во мрежата на Алексовски и Струга победи со 1:2.

Стрелец на победничкиот гол беше Влајковиќ, а со истиот лидерот Струга му побегна на Шкупи со три бода на првенствената табела.

Standings provided by Sofascore
Реклама
Реклама
Реклама

Популарни