Поврзете се со нас

Македонија

Работнички му се реваншираше на Феникс и ја продолжи импресивната победничка серија

Објавено

на

Работнички претрпе болен пораз од Феникс 2010 на почетокот на месец декември минатата година и тогаш играчите од првиот тим беа построени од „Сити парк бојс“, односно навивачката група побара од играчите да ги соблечат дресовите, алудирајќи дека не заслужуваат да ги носат.

Четири месеци подоцна, ситуацијата на теренот беше далеку поразлична, па така „центарци“ им одржаа кошаркарска лекција на ривалите од Скопје и го запишаа 11-от триумф во низа во домашното првенство.

Токму од споменатиот пораз од Феникс на 2-ри декември, Работнички има неверојатна победничка серија и истата продолжи вечерва со триумф од 69:98, па во овој период момците на Самарџиев имаат само еден пораз, оној во Купот од МЗТ.

Работнички денеска доста рано го реши прашањето околу победникот и на крајот шанса добија и играчи кои поретко се на паркетот, а обезбедената победа е гаранција за одбрана на првото место и по оваа рунда во Првата лига.

Шошкиќ со 19 поени беше најефикасен кошаркар во победничкиот тим, Џелетовиќ уфрли 3 помалку, а Рикиќ го заврши мечот со 15 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни