Поврзете се со нас

Македонија

Прволигашот доби директор: Муча ново име во редовите на Шкупи

Објавено

на

foto:www.facebook.com/fcshkupi1927

Македонскиот фудбалски прволигаш, Шкупи доби нов директор и тоа во името на Флорим Муча.

Клубот од Чаир ја информираше јавноста за новата улога на Муча и притоа му посака среќа во работата. Инаку тој доаѓа на местото на Дамир Ибриќ кој го напушти клубот пред некое време.

Инаку скопскиот тим се бори за пехарот во ПМФЛ каде со 48 бода е на второто место зад лидерот Струга Трим Љум. Воедно Шкупи е „жив“ и во Купот каде за ривал во полуфиналето го има Тиквеш.

Standings provided by Sofascore
Реклама
Реклама
Реклама

Популарни