СЕХА лига
Прва победа во новата СЕХА сезона: Вардар го надигра Партизан во фантастична атмосфера во „Јане Сандански“

„Комити“ направија одлична најава за балканското ракометно дерби против Партизан уште пред десетина дена, а денеска се погрижија за одлична атмосфера во „Јане Сандански“ и тоа беше дополнителен потстрек за ракометарите кои одлично одговорија на паркетот и славеа со 31:26.
По стартниот пораз во новата СЕХА сезона, Вардар ја запиша првата победа во втората рунда, покажувајќи дека е доста подобар противник од Партизан во овој момент.
Македонскиот првак првпат поосетно се одлепи по 18 минути игра кога поведе со четири гола разлика, па иако гостите од Србија се вратија и одржуваа егал до 19:19 во вториот дел, беше јасно дека Вардар е тој кој решава за случувањата на теренот.
Избраниците на Недановски покажаа класа кога беше најпотребно и повторно се одлепија на семафорот, што во случајот беше дефинитивна предност за победа од пет голови разлика.
Македонските репрезентативци Талески и Манасков доминираа со по девет, односно осум постигнати гола, фантастичен беше и Столе Стоилов кој постигна седум погодоци, а разбранет беше и Томовски кој мечот го заврши со 13 интервенции.
-
Шпанијапред 21 час
Изненадувањето во стартната постава на Чави: Го чекаме Меси во Барса, не го заслужува третманот кој го добива во Париз
-
Италијапред 21 час
Страмачони го нападна Инѕаги: Нема потреба од барање алиби
-
Формула 1пред 23 часа
Драматично во Ред Бул: Тензичната конверзација меѓу Ферстапен и Перез по крајот на трката (Видео)
-
Англијапред 15 часа
Англија остана без најдобриот играч за дуелите со Италија и Украина
-
НБАпред 17 часа
Портер Џуниор заби преку Јокиќ, па откри што му порача на соиграчот (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 24 часа
Карвахал имаше жесток клинч со третиот голман на Барселона по последниот судиски свиреж (Видео)
-
Шпанијапред 5 часа
„Ел Класико“ пикантерии: Винисиус имал порака за Араухо по среќниот гол, Модриќ изустил два збора по поништениот гол од ВАР (Видео)
-
Светпред 15 часа
Направи големо изненадување, па доби „шут карта“: Клосе заработи отказ во првиот тренерски предизвик