Македонија
Претставена новата машина на Иџе: Стефановски влезе во семејството на Ферари!
Вечерва во Скопје беше претставен новиот автомобил што од идната сезона ќе биде управуван од македонскиот пилот Игор Стефановски – Иџе.
Заблагодарувајќи се на присутните за поддршката, Стефановски не соопшти многу детали за љубопитната јавност.
– Можеби имам три шампионски титули, но кога Ве гледам сите тука вечерва како моја поддршка, чувствувам дека тоа е мојата најголема победа во животот,- рече актуелниот европски првак во автомобилизам на ридски патеки.
Тој заедно со своите најблиски соработници од клубот го откри новото возило, Ferrari 488 Challenge Evo, за кое е познато дека има осумцилиндричен мотор со зафатнина од 3,9 литри и околу 700 коњски сили.
Вечерва публиката немаше шанса да слушне многу за тоа каде ќе настапува Стефановски со овој автомобил, но во своето обраќање потпретседателот на клубот, Дане Кузмановски, најави дека ќе имаат поддршка од фабриката, за која рече дека била тешка да се обезбеди.
Овој автомобил минатата година бил користен на кружни трки, а Стефановски го тестирал минатиот месец, по што започнале преговорите за негово купување. „Дерби“ претходно објави дека оваа година Стефановски ги продаде двата автомобила со кои настапуваше претходно, Сеат Леон и Хјундаи i30, па беше извесно дека во 2024 година ќе има нов автомобил.
-
Шпанија21 час
Џентлменски потег: Реал Мадрид со голема почит го испрати Иниеста во пензија
-
Шпанија19 часа
Гути: Нешто не функционира во овој Реал Мадрид
-
Македонија22 часа
ФК Вардар доби унгарски сопственик
-
Германија18 часа
Баерн подготвува „понуда која не се одбива“ за Мусиала
-
Италија22 часа
Капело критикува важен играч на Милан: Создава само негативна енергија
-
Англија23 часа
Дефанзивец на Манчестер Јунајтед потврди дека оди на принудна пауза
-
Свет5 часа
Клоп со прва изјава за својот нов фудбалски проект: Не можам да бидам повозбуден
-
Репрезентација23 часа
Димитриевски во интервјуто за „Марка“: Цела Македонија сонува за една работа