Поврзете се со нас

Европски првенства

Портнер: Знам што ги чека Македонците ако не обезбедат следна фаза

Објавено

на

Македонија својата шанса за пласман во следната фаза на Европското првенство најверојатно ќе ја бара на третиот натпревар против Швајцарија, а истиот се очекува да биде и клучен за избраниците на Кирил Лазаров во оваа прва фаза од шампионатот.

Членовите на сите репрезентации веќе се подготвуваат за стартот на континенталниот турнир и во фокусот се првите натпревари кои се играат утре, оние меѓу Македонија и Франција и Германија против Швајцарија.

Според ЕХФ рејтингот и традицијата, Македонија и Швајцарија важат за аутсајдери во групата А, па јасно е дека во двата тима дел од мислите се насочени кон третиот меч во групната фаза.

Никола Портнер како чувар на мрежата е вистински лидер на Швајцарците и важи за ракометар со големо реноме, а токму тој даде една интересна изјава за „македонскиот менталитет“ во една од најавите за Европското првенство.

– Франција и Германија се две ракометни нации и се апсолутни фаворити во групата. И Македонија е ракометна нација, но резултатите не им се така добри. Поради моите балкански корени, добро го познавам македонскиот менталитет.

– Тие имаат „болни“ очекувања, ќе фрлат се на една карта и ќе се надигруваат, но ако не се пласираат понатаму, тоа ќе биде прифатено како трагедија. Медиумите и навивачите знаат да бидат навистина сурови, – гласи изјавата на Портнер во интервјуто за „Хендзон“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни