Поврзете се со нас

Американски спортови

Поранешна НФЛ ѕвезда трагично го загубила животот на Флорида

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/USFLShowboats

НФЛ потврди дека поранешниот професионален играч, Алекс Колинс, го загубил животот во сообраќајна несреќа со трагичен исход.

Поранешниот играч на Балтимор и Сиетл возел мотоцикл и се судрил со автомобил во местото Лодердејл Лејкс на Флорида, а лекарскиот тим кој прв дошол на местото на несреќата потврдил дека починал веднаш од тешките повреди.

Колинс настапуваше во НФЛ меѓу 2016 и 2021 година и има забележано 19 тачдауни, а почина на 28-годишна возраст.

Последните настапи на Колинс биле во редовите на Мемфис, екипа од УСФЛ натпреварувањето.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни