Поврзете се со нас

Свет

Поповски со „петка“ против Сент Гален

Објавено

на

foto:www.facebook.com/GCAmicitia

Амичитија Цирих на Мартин Поповски издвојува убедлива победа над Сент Гален од 37:22 во пресметата од 27. коло во првата швајцарска лига.

Првиот дел мина во израмнета борба во која домаќините на пауза заминаа со плус два (16:14), ама по одморот Цирих доминираше, одигра ефикасно во нападот каде постигна 21 гол и импресивно во одбраната каде на ривалот му дозволи само 8 погодоци.

Македонскиот интернационалец Поповски беше најефикасните со 5 реализации.

Со 35 бода Цирих ја зазема третата позиција зад водечкиот Кадетен Шафхаузен со 49 и Криенс Луцерн со 37 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни