Поврзете се со нас

Свет

По седми пат сезонава: Димитријевиќ повторно е во најдобрата петорка во ВТБ лигата (ФОТО)

Објавено

на

foto: www.unics.ru

Македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ игра фантастично за Уникс Казањ во ВТБ лигата, а за тие негови изданија доби ново признание, место во најдобрата петорка за периодот од 4 до 10 март.

Плејмејкерот блескаше во соочувањата со ЦСКА Москва и Парма Парм, средби на кои имаше просек од 31 поен, 3 скока и 4,5 асистенции што беше повеќе од доволно да се најде во одбраното друштво.

Останатите членови на најдобрата петорка се Тома Ертел од Зенит, Си-Џеј Брајс од Парка Перм, Октавиус Елис од Уралмаш и Мело Тримбл од редовите на ЦСКА која ја води Емил Рајковиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни