Поврзете се со нас

Франција

По Мбапе и Меси: ПСЖ остана без уште еден клучен играч за дербито

Објавено

на

ПСЖ загуби од Олимпик Марсеј во купот, а сега го очекува уште едно дерби, дуел со Монако во француското првенство.

Тренерот Кристоф Галтие мора да се соочи со незадоволството на фановите, но и со големиот број повреди, а последен на списокот е додаден Ашраф Хакими.

Мароканецот се пожалил на болка на ногата и ќе биде поштеден на дуелот со Монако, а засега е неизвесен и за соочувањето со Баерн Минхен во Лигата на шампионите.

Хакими играше во одлична форма во периодот по мундијалот, па ова сигурно не е добра вест за тренерот и екипата.

Од претходните лоши вести, Лионел Меси исто така санира повреда поради која нема да игра со Монако, а Килијан Мбапе е во трка со времето за да биде подготвен за дербито со Баерн во ЛШ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни