Поврзете се со нас

Италија

Пинзолјо брани еднаш годишно, но вчера стана хит меѓу фановите на Јувентус (Видео)

Објавено

на

Јувентус ја започна серијата пријателски натпревари во Лондон, каде вчера го совлада Арсенал во дуел на кој и двете екипи играа со комбинирани состави.

Макс Алегри им даде шанса на многу млади фудбалери, а во вториот дел и на третиот голман, Карло Пинзолјо.

Вообичаено задолжен за добра атмосфера во соблекувалната, Пинзолјо има мал број настапи за Јувентус, но вчера ги искористи своите пет минути и ги изнасмеа фановите со еден потег во стилот на најдобрите голмани на денешницата.

Пинзолјо рутински го одби нападот на Нкетија и со смирениот дриблинг стана хит меѓу фудбалските фанови, но и меѓу соиграчите. Хуан Куадрадо кој го следел дуелот во својот дом, веднаш го објави видеото на социјалните мрежи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни