Поврзете се со нас

Балкан

Пикси потврди дека соиграч на Несторовски ја избрал Србија пред Германија

Објавено

на

Српската фудбалска репрезентација има квалитетен ростер со кој обезбеди и место на Светското првенство во Катар, а селекторот Драган Стојковиќ Пикси внимателно ги следи настапите и на потенцијалните репрезентативци, кои треба да бидат иднина на националниот тим.

Изминатиов период се појавија шпекулации дека талентираниот Лазар Самарџиќ решил да чека повик од германската репрезентација, бидејќи е роден во оваа земја, но Пикси денеска ја израдува српската јавност со поинаква информација.

Соиграчот на нашиот Илија Несторовски имал разговор со Стојковиќ, а на истиот му соопштил дека би сакал да настапува за Србија и дека ќе очекува повик во иднина.

– Бев во Милано да го следам натпреварот меѓу Милан и Удинезе токму поради Самарџиќ. Разговаравме телефонски во септември и не видов некоја дилема кај него за кого ќе настапува. Решил да настапува за Србија, договорот е да дебитира во следниот квалификациски циклус, нормално ако продолжи со добрите игри, – изјавил Стојковиќ.

Самарџиќ има 20 години и летово дојде во Удинезе од РБ Лајпциг.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни