Поврзете се со нас

Шпанија

Пике посочи кој е негов наследник во Барселона

Објавено

на

Жерард Пике полека, но сигурно е на добар пат да ја надмине повредата и да и му стави на располагање на тренерот Роналд Куман, ама во меѓувреме стоперот одработи едно интересно интервју каде директно и без влакна на јазикот говореше на многу теми.

Една од нив беше директно за него и за тоа какви се неговите планови за иднина, па тој обелодени дека нема намера да ја менува средината и оти Барселона ќе биде последен клуб во кариерата.

-Ќе се пензионирам во Барселона, секогаш тоа го велам. Играм фудбал затоа што ја претставувам Барселона. Не се гледам себеси во друг тим. Ќе ја немам мотивацијата, ќе биде драма, -истакна Пике кој притоа посочувајќи дека Роналд Араухо е негов наследник во таборот на шпанскиот великан.

-Араухо е одличен стопер и ќе трае 10 или 15 години. Тој има сè. Тој е многу млад и има многу добра глава. Исто е физички силен, брз и моќен и има добра контрола на топката. Ла Масија работи многу добро и додека беше во во Сегунда Б со младинскиот тим созреа, сега со првиот тим ја искористи можноста. Треба да му помогнеме да биде најдобриот можен играч, -порачува поранешниот шпански репрезентативец.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни