Поврзете се со нас

Светски првенства

Пети со жестоки критики за форматот на СП 2030: ФИФА загуби контакт со реалноста

Објавено

на

ФИФА објави дека Светското првенство во 2030 ќе се игра во Шпанија, Португалија и Мароко, но првите три натпревари ќе се одиграат во три јужноамерикански земји.

Невообичаениот старт на мундијалот наводно е поради одбележување на јубилејот 100 години од првото СП, но ваквиот формат предизвика многу негативни реакции во фудбалската јавност.

Меѓу првите реагираше поранешниот француски репрезентативец, Емануел Пети, кој не штедел критики на сметка на раководството на ФИФА.

– ФИФА уште еднаш пропушти шанса да испрати позитивна и интелигентна порака.

– Имам впечаток дека нејзиното раководство живее во посебен свет, без да се грижи за она што се случува околу него, во реалноста. Кога првпат прочитав за форматот на СП 2030, мислев дека е шега.

– Некој ќе ги обвини луѓето дека не внимаваат на екологијата, не се грижат за климатските промени, а дали ФИФА размислува за ова, дали размислува и за навивачите.

– И онака е веќе прескапо да ја следиш својата репрезентација, а тука се и фудбалерите, дали некој помислил на патувањата, различните временски зони, логистиката… Оваа одлука само го потврдува имиџот на ФИФА, односно на бирократи кои живеат во даночен рај и размислуваат само како да заработат повеќе пари, – рекол Пети.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни