Поврзете се со нас

Свет

Пешевски перфектен против Либек, Лазаров и Нант го преслушаа Ним (ВИДЕО)

Објавено

на

Жарко Пешевски од наредната сезона ќе го гледаме во Еурофарм Пелистер, но тој во моментов се уште е во Германија каде има обврски со Штутгарт, тим кој доживеа неочекуван пораз од аутсајдерот Либек во Бундеслигата.

Последно пласираниот состав во шампионатот славеше како гостин со 31-29 што за нив е прва победа во 2022 година, прва од месец декември кога интересно исто така го добија Штутгарт со 27-23.

Скроблиен со 8 голови беше најдобар стрелец на дуелот, нашиот Пешевски имаше перфекна партија со два гола од исто толку обиди.

Во Франција пак Нант на Кире Лазаров го растури Ним со 39-28. Домаќините го најаија триумфот уште во првото полувреме кое го реализиираа со 22-16, предност која дополнително ја зголемија во вторите 30 минути.

Риверо со 8 гола беше лидер на листата на стрелци, Лазаров пак беше автор на еден погодок од два обиди.

Нант со 45 бода е на второто место на табелата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни