Европски купови
Пелистер се одбрани во последниот напад и освои голем бод против Бидасоа

Еурофарм Пелистер претрпе тежок пораз од Бидасоа Ирун пред шпанската публика, но денеска успеа да извлече бод и да се избори за реми во новиот европски предизвик против истиот противник.
Битолскиот тим ремизираше 29:29 во салата „Боро Чурлевски“ и се прикажа во далеку подобро светло од она минатата седмица, иако на крајот мораше да се брани и буквално во последниот напад да го осигура бодот.
Еурофарм Пелситер пропушти голема шанса да има многу покомтна предност на полувреме со оглед на тоа што водеше со 16:12, но падот во последните минути од првиот дел направи да има само еден гол предност (17:16).
Во второто полувреме, тимот на Валтер не можеше да ја повтори играта од првите 30 минути и имаше три гола негатива, но сепак покажа карактер и успеа да се избори за израмнување од 29:29.
Шпанците го имаат последниот напад за нова победа против битолчани, но сепак домашната одбрана одлично одговори и мечот заврши без победник.
Хосни со осум погодоци беше најдобар поединец во македонскиот тим, седум гола постигна Танкоски, додека Хенеберг беше доста скромен и зад своето име запиша четири гола, од кои три на самиот старт на мечот.
-
Англијапред 11 часа
Мудрик ужасен во вториот натпревар за Челси, публиката го поздрави со свирежи
-
Италијапред 20 часа
Алегри полуде по потегот на Ди Марија во самата завршница против Лацио (ВИДЕО)
-
НБАпред 23 часа
Се е подготвено за НБА спектакл: Познати се и резервите за Ол-стар мечот во Солт Лејк Сити (ФОТО)
-
Светски првенствапред 20 часа
Коло Муани се уште го сонува зицерот против Аргентина: Можев да го лобувам Мартинез, да му додадам на Мбапе…(ВИДЕО)
-
Светпред 16 часа
Роналдо беснееше по промашените зицери, па конечно погоди од пенал (Видео)
-
Англијапред 23 часа
Нуњез ги откри советите на Клоп и призна: Не играм добро!!!
-
Италијапред 23 часа
Алегри: Поставивме добра основа да се вратиме на вистинскиот пат
-
АТПпред 22 часа
На чекор до ново финале: Ивановски го суреди и осмиот носител во Монастир