Поврзете се со нас

Европски купови

Пелистер покажа моќ против АЕК и закажа дуел со Нексе Нашице

Објавено

на

Екипата на Еурофарм Пелистер славеше убедлива победа од 30: 19 против грчкиот претставник АЕК Атина во последното коло од групната фаза во ракометната Лига Европа.

Оваа победа беше доволна Пелистер да заврши на втората позиција во групата Д и во осминафиналето да закаже пресметка со хрватскиот вицешампион, Нексе Нашице.

Битолскиот тим во одличната атмосфера во салата  „Боро Чурлевски“ покажа надмоќ против грчкиот тим кого го растури во второто полувреме, а имаше предност и по првите 30 минути.

Стипе Мандалиниќ со седум голови беше најефикасен, а го следеа Табадоа и Божиќ- Павлетиќ со по шест постигнати голови.

Одличен на голот беше Мартин СЕкељ кој собра 15 одбрани од кои одбранети беа три седмерци.

Првиот осминафинален натпревар меѓу Пелистер и Нексе ќе се одигра на 29 март во Нашице, а реваншот е седум дена подоцна во Битола.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни