Поврзете се со нас

ВТА

Партнерот на Сабаленка извршил самоубиство, тенисерката најави дека сепак ќе игра во Мајами

Објавено

на

foto:twitter.com/AustralianOpen

Трагичната смрт на поранешниот НХЛ хокеар Константин Колцов ја шокираше спортската јавност, а информацијата доби дополнителен простор и поради фактот што 42-годишниот Белорусин беше партнер на тенисерката Арина Сабаленка.

Медиумите од Белорусија пренесуваат дека полицијата во Мајами во извештајот навела дека Колцов извршил самоубиство, односно најверојатно се фрлил од балконот од својата хотелска соба на Флорида.

Колцов во моментов беше тренер во рускиот клуб Салават, кој и ја потврди смртта на поранешниот играч на Питсбург и хокеар кој собра 144 настапи во НХЛ.

Сабаленка и Колцов беа во врска од 2021 година, а иако не објавуваа многу детали во јавноста, Константин често ги следеше во живо мечевите на грен-слем победничката од неговата земја.

Според последните информации од Мајами, Сабаленка нема да се повлече од турнирот, но ќе ја избегне комуникацијата со претставниците на медиумите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни