Поврзете се со нас

Евролига

Партизан доби „шлаканица“ пред гостувањето во Скопје, Олимпијакос и зема мерка на Барселона (ВИДЕО)

Објавено

на

Екипата на Партизан доживеа убедлив пораз од Алба Берлин од 100-84 во мечот од првата рунда во Евролигата.

„Црно-белите“ по пауза од неколку години одново се дел од најелитното натпреварување, а за таа цел донесоа многу познати имиња во „преодниот рок“, меѓутоа тие не се покажаа како доволни за позитивен резултат на гостувањето во Германиј.

Партизан беше разбиен во првото полувреме во кое прими дури 61 поен (61-43) со што стана јасно дека ќе биде многу тешко да се дојде до посакуваниот триумф.

Блат со 16 и Сикма со 15 поени беа први стрелци, кај поразените Егзум уфрли 22 кошеви.

Следниот меч за избраниците на Обрадовиќ е во Скопје против МЗТ во АБА лигата.

Во дербито на вечерта Олимпијакос ја сруши Барселона во нејзинот дом во „Палау Блауграна“. Грчкиот претставни триумфираше со 80-70 во средба во која најпрецизен беше Везенков со 20 кошеви.

На останатите дуели европскиот првак Анадолу Ефес ја надигра Црвена Звезда со 72-59 и Монако како гостин беше подобра од Виртус Болоња со 88-63.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни