Поврзете се со нас

АБА лига

Партизан демонстрираше моќ во Белград и го победи МЗТ со 53 поени разлика

Објавено

на

МЗТ Скопје важеше за аутсајдер при заминувањето за Белград, но од српската престолнина ќе се врати со тежок пораз кој само докажува колкава е разликата во квалитет со еден од двата најдобри тима од Србија.

Партизан игра елитна кошарка во Евролигата и во мокментов е друга лига за македонскиот првак, кој оваа вечер немаше среќа и пораади тоа што го загуби Кук уште во првата четвртина.

МЗТ остана без својот одличен кошаркар уште во петтата минута, а лошото отворање на мечот беше најава за потопот кој следеше во кошаркарски дел.

Партизан демонстрираше моќ и се прикажа во навистина брутално издание оваа вечер пред домашната публика, остварувајќи победа од 120:67.

Разликата од 53 поени доволно го отсликува распоредот на силите во двата тима, од кои едниот се бори за титулата во АБА лигата, а другиот за опстанок во елитата.

За МЗТ ова беше 13-ти пораз во АБА лигата и останува последен на табелата, додека Партизан се искачи на првото место со 13 победи и 2 порази.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни