Поврзете се со нас

Италија

Пандев и Џенова спасија бод на гостувањето кај Специја (Видео)

Објавено

на

Горан Пандев влезе во завршниот дел од натпреварот меѓу Специја и Џенова, а неговиот тим успеа да освои бод (1:1) на ова гостување од новото коло во Серија А.

Македонскиот фудбалер и овој пат не беше стартер за Џенова, а алармот кај Давиде Балардини се запали во 66. минута, кога автоголот на Сиригу донесе предност за Специја.

Неколку минути подоцна Пандев влезе во игра, неговиот тим успеа да направи притисок и стигна до пенал шанса, која капитенот Кришито ја претвори во гол за конечни 1:1.

Головите може да ги видите на овој ЛИНК

Џенова во друга прилика ќе ја брка втората победа сезонава, а сега има 7 бодови, со што во моментов е во опасната зона.

На вториот натпревар одигран вечерва, Салернитана ја победи Венеција со 2:1 на гостински терен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни