Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Ова се најдобрите: Супер офанзивен тим-играчите кои ја одбележаа групната фаза во ЛШ

Објавено

на

Заврши групната фаза во Лигата на шампионите и сега сите со нетрпение ја очекуваме понеделничката ждрепка за да видиме кои ќе бидат паровите за осминафиналето.

Сигурно ќе добиеме некои мега битки, но додека сме во исчекување ценетиот британски медиум „Дејли Мејл“ направи избор на најквалитетните асови по шесте одиграни рунди. Оваа одбрана единаесетка е супер офанзивна, формација 4-4-2 која лесно може да биде 4-2-4, но и уште понапаѓачка ако се земат во предвид квалитетите на Нкунку од Лајпциг и Фернандеш од Јунајтед кои се поставени да ја чуваат средината на теренот.

Составот е следен:

Голман: Тибо Куртоа од Реал Мадрид

Одбрана: Жоао Кансело од Манчестер Сити, Давид Алаба од Реал Мадрид, Дајо Упамекано од Баерн Минхен и Трент Александер Арнолд од Ливерпул

Средина: Бруно Фернандеш од Манчестер Јунајтед, Кристофер Нкунку од Лајпциг, Мохамед Салах (Ливерпул) и Лерој Сане (Баерн Минхен) на крилните позиции

Напад: Себастиен Але од Ајакс и Роберт Левандовски од Баерн Минхен

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни