Поврзете се со нас

Билијард и Снукер

О’Саливен изненаден од потегот на Селби: Никогаш нема да го надмине тој пораз

Објавено

на

Рони О’Саливен утре го започнува настапот на Мастерсот, кој важи за еден од најпрестижните турнири на професионалната снукер сцена, а во меѓувреме испрати провокација на сметка на големиот ривал Марк Селби.

„Ракетата“ зборувала за нивниот последен дуел во полуфиналето на Светското првенство, кој по голема драма му припадна на О’Саливен со 17:16. Веднаш по пресметката, Селби го обвини О’Саливен дека во еден момент неконтролирани ги удирал куглите, што тој го смета за непочитување на својот ривал. Подоцна О’Саливен го освои турнирот по шести пат во кариерата.

– По тој меч во полуфиналето сфатив дека поразот сериозно го боли Селби. Тогаш не бев свесен за тоа, си велев ова е само полуфинале, тој загуби, но ќе се врати следен пат и ќе победи.

– Но, кога го гледав интервјуто, видов дека е повреден. Тој се фокусираше на само два удара во меч кој траеше 33 фрејмови. Ги заборави сите фрејмови и се фокусираше на два удара.

– Дури и да го освоу турнирот уште еднаш или два пати, тој дуел ќе му остане во глава. Мислам дека беше убеден дека ќе победи, – изјавил О’Саливен, кој на ваков начин само ја зголемува тензијата во пресрет на евентуално соочување со Селби.

Селби во осминафиналето игра против Мегваер, додека О’Саливен ќе му се спротивстави на Динг. Денеска на Мастерсот во Милтон Кинс се случи првото изненадување, откако Јан Бингтао го победи Нил Робертстон со 6:5.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни