Поврзете се со нас

Билијард и Снукер

О’Саливен играше со розеви нокти и спречуваше пораз од анонимен Французин (Видео)

Објавено

на

Рони О’Саливен избори пласман во следната рунда на Отвореното првенство на Англија во снукер и тоа со победата над Французинот Бриан Ошоиски (4:2) во Милтон Кејнс.

Противникот на „ракетата“ одлично го почна дуелот од првото коло и поведе со 2:0 во фрејмови, но следеше одговор на фаворитот, при што О’Саливен победи во следните четири фрејмови, истовремено забележувајќи го и 1063-тиот сенчри во кариерата.

Ошоиски влезе како аутсајдер во мечот со своите 21 година и релативно непознат статус меѓу снукер фановите, па може да биде задоволен од проблемите кои му ги создаде на актуелниот светски шампион.

Она што го привлече вниманието на фановите е фактот што О’Саливен играше со лакирани нокти и тоа во розева боја, нешто што тој подоцна и го објасни како свој удел во поддршката за хуманитарна организација која им помага на болните од рак на дојка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни