Поврзете се со нас

Македонија

Орјоникидзе стави потпис на нов договор со ГРК Охрид

Објавено

на

foto:www.facebook.com/hcohrid

Екипата на ГРК Охрид и во иднина ќе може да смета на услугите на грузискиот интернационац Тeмо Орјоникидзе кој ја прифати понудата за продолжување на соработката.

Одличниот бек се покажа како одлично засилување за популарните „гладијатори“ кои ќе сметаат на него најмалку до 2025 година.

Со тоа прволигаш само ја продолжи листата на играчи со кои си подаде рака за да останат во Охрид, претходно тоа го направија Даниел Ѓорѓески, Крсте Андоновски, Гал Цирар, Владимир Бојаниќ, Иван Тасески и Милорад Кукоски.

Со учинок 4-1 составот предводен од Алушовски е на второто место во Суперлигата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни