Поврзете се со нас

Меѓународни настани

Огромен успех во Израел: Македонија стана светски шампион во „Кантер страјк“ (Фото)

Објавено

на

Македонската „Кантер страјк“ репрезентација направи голем подвиг и го освои првото место на Светското е-спорт првенство кое се одржуваше во Израел, откако во големото финале оствари сигурен триумф над силната Романија.

Тимот составен од пет члена го сочинуваа Јане „aidKiT“ Апостолоски, Дамјан „kyxsan“ Стоилковски, Александар „CacaNito“ Ќулукоски, Павле „stYleEeZ“ Стојановски и Кристијан „fodor“ Поповски, а нивниот успех без никаков сомнеж е најголем на македонската е-спорт сцена.

На Светското првенство во Израел се играше Global Offensive верзијата на познатата игра и македонските „кантераши“ се покажаа во убедливо најдобро светло, со тоа што во големото финале минаа најлесно и навистина фуриозно.

Македонските претставници ги победија Романците со 2:0, со тоа што на првата мапа „Инферно“ победија со 16:10, а на втората која ја избраа противниците (Мираж) славеа со 16:11.

Претходно, македонскиот тим имаше далеку потешка задача во полуфиналето и во премногу тесна партија едвај ја победи Украина, по што стана јасно дека најголемиот успех е на дофат. Покрај освоената титула, нашите „кантераши“ добиваат и парична награда и се враќаат од Израел со 10 илјади долари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни