Поврзете се со нас

Шпанија

Официјално: Барселона му врачи отказ на Куман во авион! (Фото)

Објавено

на

Барселона загуби на гостувањето во шпанската престолнина кај Рајо Валјекано со резултат 1:0, натпревар кој на крајот се покажа како последен за Роналд Куман како тренер на каталонскиот гигант.

Иако успеа да издржи уште неколку седмици по поразот од Атлетико Мадрид на „Ванда Метрополитано“, Холанѓанецот не успеа фудбалски да ги преживее последните два тешки удари, односно поразот од Реал Мадрид на „Ел Класико“ и неуспехот на „Валјекас“ кој се покажа како пресуден за некогашниот легендарен играч на Барса.

Претседателот Жоан Лапорта му врачил отказ на Куман за време на авионскиот лет од Мадрид кон Барселона, а при пристигнувањето во Каталонија, најавата на медиумите ја потврди и клубот со официјално соопштение.

– Барселона го разреши Роналд Куман како тренер на првиот тим. Претседателот на клубот, Жоан Лапорта му го соопшти тоа непосредно по поразот од Рајо Валјекано. Роналд Куман ќе се збогува од тимот овој четврток во тренинг центарот, – гласи објавата на Барселона за врачениот отказ на Холанѓанецот.

На овој начин, се стави крај на 14-месечната авантура која ја имаше Роналд на „Камп Ноу“ и која сигурно нема да се памети по многу добри работи, а сега како главен фаворит за негов наследник се издвојува Чави Ернандез кој најверојатно е подготвен да преземе храбар и ризичен чекор во кариерата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни