Поврзете се со нас

Олимписки игри

Одредени групите за кошаркарскиот олимписки турнир во Париз, САД и Србија во иста група

Објавено

на

Фото: https://www.fiba.basketball

Олимписките игри ќе бидат голем предизвик за сите репрезентации кои обезбедија учество на турнирот во Париз, а денешната ждрепка донесе интересни и неизвесни групи.

Посебно внимание предизвика фактот што во иста група се најдоа Соединетите Американски Држави и Србија, па уште во првата фаза ќе има големо дерби кое фановите ќе го очекуваат со нетрпение.

Во истата група ќе бидат и Јужен Судан, како и победникот од квалификацискиот турнир во Порторико.

Групата А исто така ќе донесе интересни дуели, бидејќи таму се најдоа Австралија, Канада и победниците на турнирите во Грција и Шпанија, додека во групата Б се Франција, Германија, Јапонија и победникот од квалификацискиот турнир во Летонија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни