Поврзете се со нас

Франција

Од Мадрид во Париз: Освои 16 титули со Реал, па „слета“ на „Паркот на принцовите“ (ВИДЕО)

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Најдобриот француски клуб Пари Сен Жермен тргна во промоција на засилувањата на новата сезона и тоа откако вчера ги разреши сите дилеми околу тренерот, предводникот на екипата кој ќе биде шпанскиот стручњак Луис Енрике.

Тимот од Лига 1 денеска прво го претстави дефанзивецот Милан Шкриниар кој се согласи на договор до 30 јуни 2028 година, а набрзо потоа следуваше и втора промоција и тоа на засилувањето од Реал Мадрид.

Нов член на „светците“ е Марко Асенсио кој по седум минату години во Мадрид и 16 освоени трофеи се реши да нов предизвик и тоа во француската престолнина.

-Привилегија е да се биде дел од овој голем клуб. Со нетрпение очекувам да им се придружам на моите нови соиграчи и да работам со нив за да постигнам големи цели, -истакна Шпанецот кој во ПСЖ треба да остане до 30 јуни 2026 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни