Поврзете се со нас

Германија

Новиот голман на Баерн во клубот дојде со автомобил од 11.000 евра, си замина со „ѕвер“ од 116.000 евра (Фото)

Објавено

на

Баерн Минхен пред доста време го обезбеди потписот на младиот и талентиран голман кој изминатава сезона бранеше за Шалке 04, Александер Нубел.

Нубел ќе му биде конкуренција на Мануел Ноер за голманската позиција, а многумина веруваат дека во иднина тој ќе биде прв избор меѓу стативите на „Алијанц Арена“.

Младиот голман за прв пат имаше можност да тренира со своите нови соиграчи,а на тренинг пристигна со скромно возило, Фолскваген Поло вредно околу 11.000 евра.

По крајот на тренингот, како што наложува договорот со автомобилската фирма „Ауди“ кој го има Баерн Минхен, играчот си замина со автомобил од оваа компанија вреден ни помалку ни повеќе 116.000 евра.

Нубел доби за подарок Ауди РС6 Авант и во иднина мора да ги почитува правилата на клубот и на тренинг единствено да доаѓа со автомобил од марката Ауди, како што стои во договорот меѓу клубот и автомобилската компанија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни