Поврзете се со нас

НБА

Нов проблем за Американците, ЛаВин нема да патува со соиграчите во Токио

Објавено

на

Проблемите на американскиот селектор Грег Попович продолжија и пред авионскиот лет за Токио, па медиумите пренесуваат дека Зек ЛаВин нема да биде во него, затоа што влегол во „ковид протокол“.

Ѕвездата на Чикаго е еден од најголемите адути во новиот „дрим-тим“, но сега ќе треба да чека шанса за дополнително да им се приклучи на соиграчите во Токио.

ЛаВин играше во добра форма на контролните натпревари и имаше трет најдобар просек зад Лилард и Дурент, па сега Американците ќе патуваат во олимпиското село со само осум кошаркари.

Претходно од составот отпаднаа Бредли Бил и Кевин Лав кои беа заменети со Келдон Џонсон и ЏаВејл МекГи, а проблем со ковид протоколот има и Џерами Грент.

Попович се уште ги чека и Девин Букер, Крис Мидлтон и Џру Холидеј кои се дел од финалето на НБА плејофот и ќе и се приклучат на репрезентацијата директно во Токио.

САД ќе го започне настапот на олимпискиот турнир во недела против Франција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни