Поврзете се со нас

Балкан

Нов гол на напаѓачот: Тошевски ја завери победата на Шибеник

Објавено

на

foto:www.facebook.com/hnksibenik1932

Македонскиот интернационалец, Давид Тошевски постигна уште еден гол во дресот на Шибеник во втората лига на Хрватска.

Шибеник кој се бори за самиот врв и влез во првата лига славеше над Јарун со 2-0, а голот со кој домаќините ги потврдија трите бода беше дело на Тошевски во 66 минута.

Ова за Давид беше втор погодок во петтиот натпревар.

Инаку да посетиме напаѓачот на почетокот на оваа 2024 година потпиша за Австрија Клагенфурт, но веднаш беше испратен на позајмица во Шибеник.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни