Европски првенства
Норвешка се врати од голема негатива и го освои деветтото европско злато

Женската ракометна репрезентација на Норвешка го победи скандинавскиот ривал Данска во финалето на Европското првенство (27:25) и ја освои деветтата титула на континенталното натпреварување.
Почетокот и првото полувреме не навестуваа ваков епилог, данската репрезентација два пати имаше плус пет во првиот дел, а полувремето го доби со резултат 15:12.
Во вториот дел Данска имаше 22:18, но Норвежанките се вратија во натпреварот, а во последните минути направија плус два, предност која ривалките не успеаја да ја неутрализираат.
Најдобриот стелец на турнирот, Нора Мерк беше најефикасна на теренот со 8 гола, додека кај Данска, Бургард реализираше пет пати.
Норвешка ја одбрани европската титула, стигнувајќи до деветтиот трофеј во „Стожице“, со што е ставен крај на успешното Европско првенство чии коорганизатори беа Македонија, Црна Гора и Словенија.
-
Светпред 24 часа
Ракометен раритет: Бразилски голман режираше пенал-магија со својата одбрана (Видео)
-
Балканпред 23 часа
Мијатовиќ за својот сакан соиграч: Повеќе спиев со него, отколку со мојата сопруга
-
Балканпред 21 час
Ливаковиќ пред трансфер на кариерата, Чачиќ се жали: Тој е најдобар голман, откупната клаузула е прениска
-
АТПпред 16 часа
Вимблдон ја повлече забраната за тенисерите од Русија и Белорусија
-
Италијапред 13 часа
Палјука му предлага на Интер да го продаде Онана и да ангажира конкретна замена
-
Шпанијапред 22 часа
Чави ја планира новата сезона со Меси, Барселона излезе со официјален став за преговорите
-
Францијапред 21 час
Евра со две реченици објасни зошто ПСЖ никогаш нема да ја освои титулата во ЛШ
-
Англијапред 14 часа
Паратичи се повлече од функцијата во Тотенхем