Поврзете се со нас

Формула 1

Норис на оригинален начин ја одбележа херојската победа на Саинц (Фото)

Објавено

на

Карлос Саинц ја пропушти трката за Големата награда на Саудиска Арабија која се возеше пред две недели, а ова утро во Австралија имаше херојско издание и стигна до своја трета победа во Формула 1.

Шпанецот беше неизвесен за трката во Мелбурн и вложи натчовечки напор за да влезе во болидот овој викенд, но не самошто го направи тоа, туку на крајот оставри и сензационален триумф.

Голем дел од возачите во Формула 1 му честитаа на Шпанецот за вложениот напор и освоеното прво место во Австралија, меѓутоа најискрените честитки ги доби од својот поранешен колега од Мекларен, Ландо Норис.

Ландо има дури 14 подиуми во Формула 1, но и натаму нема остварно победа во „најбрзиот циркус“, но затоа имаше оригинална порака за својот поранешен колега од Мекларен.

– Мора да го извадам моето слепо црево. Ти го извади и победи на трката…… Честитки Карлитос, – порача Ландо Норис, а Саинц при интервјуто откри каков совет му дал на Британецот.

– Му кажав на Ландо да си го извади слепото црево, тоа навистина помага. Затоа направивме фотографија со лузната од операциајта, – откри Саинц.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни