Поврзете се со нас

Свет

Николов забележа асистенција во пресметката со шампионот на Унгарија (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:www.facebook.com/kisvardafc

Бобан Николов и Марио Илиевски со нивната Кишварда не успеаа да направат изненадување во пресметката со најдобриот тим во Унгарија, составот на Ференцварош.

Гостинскиот тим се избори за славје од 3-1 на овој дуел и со 36 бода е на првото место на табелата. Кога е во прашање настапот на нашите интернационалци, Николов беше стартер и во 65 минута беше асистент за погодокот на Мешановиќ.

Напаѓачот Илиевски пак беше активен од 66 минута, ама и тој не можеше ништо да направи за да Кишварда се избори за позитивен резултат.

Со 14 бода Бобан, Марио и другугарите остануваат на последото место на прволигашката табела.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни