Поврзете се со нас

АБА лига

Николиќ: Ни се случија грешки кои не сакам сега да ги коментирам, не се предаваме во борбата за опстанок

Објавено

на

Тимот на МЗТ Скопје по една вистинска драма заокружена со дополнителни пет минути претрпе пораз на гостувањето во Загреб кај Цибона со 87-85.

„Штрковите“ беа многу блиску до триумф во регуларниот дел, меѓутоа не успеаа да стават печат во клучните моменти, па на крајот останаа со празни раце во дуелот кој од големо значање со оглед на тоа што екипата има пеколен распоред во наредниот период.

-И честитам на Цибона за победата, вечерва тие беа посреќни од нас. Оваа екипа ја следи среќата цела оваа сезона, сигурно и ја заслужиле бидејќи овој гигант не заслужува да се најде во ваква ситуација, да се грижи за својот опстанок. Сите знаете во каква состојба се наоѓа МЗТ Скопје, бевме блиску да ја изненадиме Цибона, но се случија грешки што не можам сега со врела глава да ги коментирам.

-Се што се договаравме имавме под контрола речиси цел натпревар. На три разлика промашивме едно слободно, потоа примивме тројка од голема далечина. Задачата беше никако да не примиме тројка. Во продолжението Цибона повторно не казни, нас две топки ни излегоа од обрач. Тешко ми падна овој пораз, се надевав на триумф бидејќи имаме катастрофален распоред во следните неколку кола, но дефинитивно не се предаваме во борбата за опстанок. Ќе дадеме се од себе за да ја оствариме основната цел, -истакна тренерот Драган Николиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни