Поврзете се со нас

НБА

Невидена сцена во НБА лигата: Блек и Дик ги разменија дресовите и режираа циркус за паметење (Видео)

Објавено

на

Натпреварот меѓу Орландо и Торонто мина во знакот на домачините и „магионичарите“ победија со 111:96, но една сцена од крајот на мечот привлече до толку големо внимание, што фотографиите и снимките станаа вирален хит.

Греди Дик имаше наумено да приреди невообичана и невидена сцена на НБА паркетите, а пораката која ја испратија со кошаркарот на Орландо во јавноста беше прилично вулгарна.

Дик побара од Антони Блек да си ги разменат дресовите и да позираат со истите еден до друг, па иако играчот на Орландо во прв момент се откажа, потоа се врати и ја режираше лудата сцена.

Буквалниот превод на нивните презимиња не остави никого рамнодушен, а видеата од Америка добро докажуваат дека и двајцата знаеја што приредуваат во јавноста.

– Црн к.р, – гласи буквалниот превод на сцената за која се погрижија Греди и Антони, па сега останува да видиме дали за ваквиот потег ќе реагира дисциплинското и етичкото тело на НБА лигата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни