Поврзете се со нас

Евролига

Неверојатно: Де Коло го постигна најлудиот кош во оваа сезона во Евролигата (ВИДЕО)

Објавено

на

Тимот на Асвел доживеа пораз од Монако (87:77) во француското дерби во Евролигата, но домаќините дефинитивно го имаа потегот на мечот и истиот беше дело на искусниот Нандо Де Коло.

Де Коло иако е блиску до 37. година од животот знае да изведе магија, па токму тоа се случи на пресметката со Монако каде го даде најлудиот кош во ова натпреварување.

Тој успеа да погоди тројка под прекршок од преку половина терен, мајсторија која потоа беше комплетирана со прецизно слободно фрлање што значи во оваа ситуација Нандо постигна четири коша.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни