Поврзете се со нас

Свет

Нестварен потег: Гонзалес чекаше топката сама да влезе во голот, па режираше неверојатна сцена во Лос Анџелес (Видео)

Објавено

на

Аргентина без проблеми се справи со Костарика и победи на натпревар на кој не играше капитенот Лео Меси, а конечниот резултат можеше да биде и поубедлив од 3:1.

Светскиот шампион се почесто покажува дека поседува доволно добар арсенал на оружја и без Меси, но хајлајт од натпреварот против Костарика е невнимателниот потег на Нико Гонзалес.

Фудаблерот на Фиорентина беше во стопроцентна шанса да постигне гол, успеа да го надмудри и голманот Кејлор Навас, но беше крајно индолентен и мислеше дека е осамен пред голот.

Нико ја остави топката сама да влезе во голот, а тоа му овозможи на Кирош да реагира на гол линијата и да спречи чист погодок.

Дефанзивецот му се прикраде од зад грб на Нико и ја расчисти опасноста, а репрезентативецот на Аргентина не беше свесен што точно му се случи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни