Поврзете се со нас

Билијард и Снукер

Несекојдневна снукер ситуација: Судијата побара „ВАР“, О’Саливен не можеше да поверува (Видео)

Објавено

на

Рони О’Саливен викендов ќе се бори за титулата на снукер отвореното првенство на Шкотска, а на патот до финалето мораше да помине низ неколку специфични ситуации и расположени ривали.

Вчера, „ракетата“ водеше 4:2 против Динг Јунгхуи, но му дозволи на противникот да се избори за деветти решавачки фрејм, во кој О’Саливен сепак повторно го совлада кинескиот ривал за конечни 5:4.

За време на овој дуел од четвртфиналето, се случи една интересна ситуација, која воопшто не му се допадна на О’Саливен.

Судијата не беше сигурен дали Рони направил фаул на црната кугла, па побара да ја прегледува снимката.

О’Саливен очигледно сигурен во својот потег негодуваше, па откако судијата самиот се убеди дека немало фаул, му порача: Дали си сега 100 проценти сигурен?

Во меѓувреме, односно во текот на денешниот ден, О’Саливен победи и во полуфиналето против Ли Ханг, каде имаше негатива од 4:1, па на крајот стигна до триумф од 6:4.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни