Поврзете се со нас

Светски првенства

Нервозниот Марсијал го „олади“ Мбапе при замената, ѕвездата на ПСЖ му испрати „убиствен поглед“ (Видео)

Објавено

на

Франција не брилјираше како што обично го прави тоа, но успеа да стигне до првата победа во квалификациите за Светското првенство, откако доста рутинирано славеше над Казахстан со 0:2.

Откако директно го прозва Килијан Мбапе по ремито со Украина, Дидие Дешам ја остави ѕвездата на ПСЖ на клупата и му даде простор за игра дури во второто полувреме, но токму неговото влегување во игра предизвика бура од реакции на социјалните мрежи.

Разочараниот Антони Марсијал се повреди како стартер на Франција и мораше да го отстапи своето место откако во првото полувреме беше асистент на првиот гол, но додека го правеше тоа, комплетно го „олади“ Мбапе и не се поздрави со него.

Напаѓачот на ПСЖ дефинитивно не беше воодушевен од ваквиот потег, па неговиот убиствен поглед брзо стана хит на социјалните мрежи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни