Поврзете се со нас

ВТА

Неочекувана вест: Најдобрата тенисерка на светот стави крај на кариерата на 25 години

Објавено

на

Неочекувана вест во светот на тенисот ни доаѓа од Австралија и тоа од првиот рекет кај дамите Ешли Барти која одлучи да и стави крај на кариерата на 25. години.

Барти во првиот месец во оваа календарска година дојде до третиот грен слем и тоа на домашно тло во Австралија, но без разлика на тој успех и сите претходни таа решила да ја заврши оваа приказна затоа што едноставно сака да „брка други соништа“.

-Ова првпат го кажувам на глас и да тешко е да се каже. Но, јас сум многу среќна и многу подготвена. Повеќе немам физички нагон, емоционална желба и сè што е потребно за да се предизвикате себеси на самиот врв на ниво. Јас сум истошена, -порача Барти.

Ешли трите грен слем титули ги освои во Мелбурн, Лондон и Париз, севкупно победи на 15 турнири восингл и 12 во дубл, а нејзината серија (114 недела е број еден-вкупно 121 седмица) од тоа да биде број еден на ВТА листата е четврта најдолга во историјата зад оние на Шети Граф (186), Серена Вилијамс (186) и Мартина Навратилова (156).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни