Поврзете се со нас

Свет

Насри ги наброја петте најдобри француски играчи во историјата на фудбалот: Гризман не е во топ 5 (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/OM_English

Антоан Гризман повеќе од една деценија игра на највисоко ниво и посебно воодушевува со константноста која ја прикажува, но сепак тоа понекогаш не е доволно добар аргумент и во неговата родна земја.

Дел од француските фанови сметаат дека Гризман е најважниот репрезентативец кој го имале „триколорите“ во последните десет години и го сметаат за клучен во системот на Дидие Дешамп, меѓутоа иако со таквата теорија се согласува Самир Насри, сепак поранешниот фудбалер на Марсеј, Арсенал и Манчестер Сити смета дека Антоан не може да се вброи меѓу петте најдобри Французи во историјата.

Насри ги наброја петте најдобри играчи кои некогаш заиграле на француско тло, а при образложението, порача дека за Гризман би имало место само во „топ десет“.

– Според мене, Гризман не влегува во историскиот топ 5, но во топ 10 ќе влезе. За мене, Зидан, Платини и Анри се пред него, а има и други кои можам да ги набројам.

– Иако не сум го гледал, Рејмонд Кола ја освои „Златната топка“ и Лигата на шампионите. Со тоа, тој е пред Гризман. Истото важи и за Карим Бензема кој беше „Златна топка“, – порачува Насри.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни