Поврзете се со нас

Германија

Нагелсман не е загрижен: Брзо ќе се вратиме на победите

Објавено

на

Баерн Минхен не успеа да слави на уште еден натпревар во Бундеслигата, односно откако ремизираше против РБ Лајпциг истиот резултат го повтори и против Келн (1-1) со гол кој во 90 минута го даде Џошуа Кимих.

Ваквите резултати се ретки за „баварците“ во шампионатот, но тренерот Јулијан Нагесман е мирен, не е загрижен и е убеден дека за брзо време одново ќе се радуваат на победи.

-Замените беа одлични и во вториот дел добро стоевме на теренот. Келн се бранеше многу длабоко во својата половина и ни отежна. Да постигневме гол порано, ќе им беше многу тешко. Ама нашиот настап по паузата е она што сакам да го видам. Убеден сум дека ќе се вратиме со добри резултати доколку 90 минути демонстрираме исто ниво, -порача Нагелсман.

Следен ривал на актуелниот првак е составот на Ајнтрахт Франкфурт.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни