Поврзете се со нас

Македонија

МЗТ ја оправда фаворитската улога за деветта победа во Првата лига

Објавено

на

МЗТ Скопје продолжи со комплетно контрастните резултати во АБА лигата и домашното првенство, па така по последниот пораз во регионалното натпреварување, денеска пристигна нова победа во најсилната македонска лига.

Шампионот рутински ја оправда фаворитската улога и славеше против Феникс 2010 со резултат 83:68, триумф кој можеше да се насети уште по воведните десет минути.

„Металците“ си обезбедија двоцифрена предност уште во првата четвртина и потоа имаа комплетна контрола на случувањата, па доста лесно стигнаа до победата број девет во Првата лига.

Јигитоглу доминираше на денешниот меч и со дабл-дабл учинок од 17 поени и 11 скокови беше лидер во тимот на МЗТ, а добар беше и Миќовиќ со 13 поени.

Со новиот триумф, МЗТ се врати на првата позиција на табелата со биланс од девет победи и еден пораз, додека Феникс 2010 е на шестото место со пет победи и пет порази.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни