Поврзете се со нас

Германија

Мусиала имаше совршена партија, Баерн испука „петарда“ (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Џамал Мусиала беше посебно инспириран на денешното гостување кај Дармштад и направи попладнето за Баерн да биде далеку помирно, дури и во ситуација кога фаворитот прв беше шокиран.

Скарке го донесе аутсајдерот во водство по 28 минути игра, но Баерн успеа да реагира до крајот на првиот дел, пред се благодарение на расположениот играч за врска.

Мусиала израмни на 1:1 по додавањето од Кејн, Англичанецот го сврте резултатот по асистенција од Кимих, а во второто полувреме повторно на сцена стапи Мусиала.

Џамал постигна мајсторски гол за предност од 1:3 по додавање од аут кое го доби од Милер, за потоа да асистира и до нововлезениот Гнабри кој зголеми на 1:4.

Мусиала учествуваше и во акцијата во која Тел погоди за 1:5, а конечните 2:5 ги постави Вилхелмсон длабоко во судиското продолжение.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни