Поврзете се со нас

Италија

Мурињо: Сега сум подобар тренер од пред 10 години

Објавено

на

Жозе Мурињо веќе долги години е на големата сцена и со своите успеси и резултати сосема заслужено се смета за еден од најдобрите менаџери, тренери во денешниот фудбал.

„Специјалниот“ од оваа сезона е на кормилото на Рома каде има задача да го врати клубот на победнички патеки, односно биде блиску до трофеи. Во оваа мисија од помош на Мурињо ќе му биде и големото искуство што го има собрано низ години, односно тој се надева дека заедно со навивачите ќе може да се радува на титули.

Toj воедно смета дека денеска е многу подобар тренер од пред 10 или 20 години без разлика на тоа што најдобрите резултати како стручњак ги оствари во првата деценија од овој век.

-Чувствувам дека сум подобар тренер отколку пред 10 или 20 години. Ако тренерот не напредува, тоа е затоа што ја загубил страста и менталитетот што му помага да напредува секојдневно. Ова не е работа каде физичката подготвеност е од фундаментално значење. Тоа е сосема спротивно отколку за играчите. Искуството ве прави само подобри, -порача Португалецот.

Само да потсетување Жозе имаше извонредни резултати и собра многу титули од 2000 до 2010 година во Порто, Челси и Интер за да потоа намали со трофеите кои ги освои со Реал и Јунајтед.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни