Поврзете се со нас

Олимписки игри

МОК закажа Редовно Изборно Собрание, на дневниот ред е и избор на нов претседател

Објавено

на

По низата доставени барања за Вонредно изборно собрание, МОК денеска се огласи во јавноста и посочи дека ќе има Редовно Изборно собрание, на кое ќе се разгледуваат седум точки.

Една од нив е и избор на нов претседател, па сите членови кои ќе сакаат да се кандидираат ќе треба да достават потребна документација до Собранието кое ќе се одржи на 8-ми февруари.

– Заклучно со денес, пристигнаа 5 (пет) барања за Вонредно Собрание и врз основа на тоа Претседателот свикува Редовно Изборно Собрание кое ќе се одржи на 08 февруари 2024 година (четврток), со почеток во 18:00 часот, во спортскиот центар „Јане Сандански“, Бул.АСНОМ 1, 1000 Скопје.

– Претседателот на ОКСМ, Даниел Димевски, ја свикува Редовната Изборна седница на Собранието на ОКСМ со следниот Дневен ред:

Избор на Верификациона комисија
Избор на Работно претседателство
Избор на Записничар
Избор на двајца оверувачи на записник
1. Усвојување на Записник од претходното Собрание
2. Усвојување на Дневен ред
3. Извештај од кандидациона Изборна комисија за пристигнатите кандидатури
4. Презентација на Предлог Програма на кандидатите
5. Избор на Претседател на ОКСМ
6. Избор на новиот состав на УО на ОКСМ
7. Разно

Седницата ќе се оддржи на ден 8 февруари (четврток) 2024 година, во Конгресната сала во СЦ „Јане Сандански” со почеток во 18:00 часот. Право на присуство и учество во работа ќе имаат членовите на Собранието на ОКСМ со право на глас и акредитираните спортски медиумски работници.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни