Поврзете се со нас

Шпанија

Модриќ после два дена му испрати емотивна порака на Бензема: Знаев дека си голем, но на првиот тренинг сфатив нешто друго (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Карим Бензема вчера за последен пат заигра на „Сантијаго Бернабеу“ и се прости со постигнат гол против Атлетик Билбао, начин на кој стави крај на едно незаборавно фудбалско патување кое траеше 14 години.

Францускиот напаѓач самиот реши дека е време да си оди од клубот и да остави простор за друг напаѓач, а бидејќи оваа одлука беше неочекувана и за неговите соиграчи, дури и најблиските од нив се уште се во голем шок.

На Лука Модриќ му беа потребни два дена да се огласи откако беше објавена официјалната вест за заминувањето на долгогодишниот соиграч, кој сега го испрати со навистина посебна порака.

– Тажен сум, но и горд што имав чест цели 11 години да играм со еден од најголемите таленти во фудбалот. Кога дојдов тука, знаев дека си голем играч, но на првиот тренинг, видов дека си специјален.

– Покрај тоа што си неверојатен играч, овие години во кои испишавме историја во овој фантастичен клуб ми докажаа дека си специјален и како личност! Веќе ми недостасуваш. Ти благдарам за се и ти посакувам многу среќа во твојата нова етапа, – порача Модриќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни