Поврзете се со нас

Англија

Млад играч на Јунајтед излезе со провокативна изјава пред дербито, Гвардиола возврати со стил (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Факундо Пелистри е млад играч на Манчестер Јунајтед кој доби неколку шанси од стартот на сезоната, па иако не е во план да биде стартер на големото дерби кое се игра утре, тој се најде во центарот на вниманието поради својата провокативна изјава.

Уругваецот во интервју за домашен медиум говореше за големата разлика која постои меѓу Јунајтед и Сити во градот Манчестер, заклучувајќи дека многу тешко можете да најдете дрес на противникот во центарот на градот.

Оваа мала провокација од страна на Пелистри ги воодушеви навивачите на Јунајтед, но Пеп Гвардиола воопшто немаше слушнато за истата, се додека не доби прашање од новинар на оваа тема.

– Ќе зборувам со луѓето од Пума и ќе ги прашам што се случува, зошто немаме наши дресови во градот….. Ако ова момче и неговата девојка веруваат во тоа што тој го кажа, тоа е нивна работа, – изјави Гвардиола со иронична насмевка, а потоа го искористи потпрашањето на новинарот кој рече дека сега ќе постави прашање на сериозна тема.

– Дали самиот кажа дека не е сериозно она што го изјавил Пелистри……

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни